Наскоро повторно ќе се отвори лондонскиот клуб Фабрик. Оваа вест вчера ја соопшти судот во Хајбери, северен Лондон, информирајќи дека клубот ќе продолжи со работа, но не се знае кога.
Филип Колвин, еден од адвокатите кои го застапуваат клубот, откако му беше укината дозволата за работа во септември, изјави дека клубот отсекогаш имал цел да ја предводи индустријата и дека се вклучил во реевалуација на својата работа.
Услов за ова е да има соработка помеѓу полицијата и Фабрик, која вклучува нов систем на скенирање лични карти, подобрување на процедурите за пребарување, физички промени на клубот и доживотна забрана за влез на сите кај кои е најдена дрога или се обидуваат да ја купат во клубот.
По затворањето на клубот, се покренаа повеќе иницијативи од познати музичари, кои имаа за цел да ја нагласат неговата важноста претставувајќи култно место во Лондон.