Лондонскиот V&A музеј со изложба на предмети креирани за политички активизам

Објектите дизајнирани за поддршка на политички активизам која вклучува и робот што пишува графити, џиновски гуми направени за да бидат фрлени кон полицијата, ќе бидат дел од новата изложба на лондонскиот V&A музеј која треба да биде отворена ова лето.

Лондонскиот V&A музеј со изложба на предмети креирани за политички активизам

Изложбата на „Непокорни објекти“ (Disobedient Objects) ќе биде отворена во V&A на 26 јули и ќе биде првата ваква поставка која презентира иновативни примери на уметност и дизајн развиени од страна на контра културите за да пренесат политички пораки или за да ги олеснат протестите.

„Културата на социјалните движења вообичаено не е изложена во музеите, со исклучок на печатот и постерите“, вели кустосот Gavin Grindon за Dezeen.

„Ние сакавме да го покренеме прашањето за ова отсуство за други видови „непослушни објекти“ во музејот“, додава тој.

Објектите кои ќе бидат изложени се креирани од дизајнери-аматери, главно со користење на занатски методи или адхок производно процеси. Поставката ќе вклучува различни кукли и маски користени во бројни протести, шиени занатски предмети, печатени банери и слични предмети кои носат одредена порака.

Погледнете дел од овие предмети во продолжение:

2

3

4

5

6

8

9

10

11

12

13