Ловокрадците убиле најмалку 5940 африкански носорози од 2008 година. Убивањето на овие носорози рекордно се зголемила во последните шест години, според податоците на Меѓународната унија за заштита на природата.
Само минатата година, ловокрадци убиле најмалку 1388 носорози за нивните рогови, најголема загуба од 2008 година. Ова „алармантно“ зголемување, според директорот на Унијата Ингер Андерсон, доаѓа и покрај „храбрите и големи напори за намалување на загубите“.
Тргувањето со рогот на ова животно е забрането во цел свет од 1977 година. Но, побарувачката продолжува во Кина и Југоисточна Азија, каде се верува дека во рогот има тоник и лековити својства. Еден килограм рог го содржи истиот протеин што го има во косата и ноктите, и може да достигне цена над 65 000 долари на црниот пазар.
Извештајот, сепак, дава мала надеж. Порастот на лов е забавен од 2013 година, а во Јужна Африка, што е дом на 80 отсто од популацијата на носорози во светот, бројот на убиени животни за првпат опаднал од 2008 година.