Љубителите на моќниот бас се обединија на Outlook 2014

Помина и овогодинешното издание на фестивалот Outlook – исполнето со безброј check points, разновидни супкултури, весели реге звуци, опојни мириси на канабис, заслепувачки light shows и длабоки басови. 16 000 посетители од целиот свет се забавуваа на настапите на Lauren Hill, Busta Rhymes, Horas Andy, Andy C, Barrington Levy, Gentlemen’s Dub Club и уште околу 600 други изведувачи.

IMG_2769

Настапот на Buraka Som Sistema беше најдобриот настап на првата вечер од Outlook 2014. Тие, на главната сцена, ја донесоа африканската треска којашто ја регресираше публиката во нејзините „мајмунски“ корени (реферираме на танцувачките потезиJ). Истата вечер, Чистинката беше преземена од страна на DJ Marky и пријателите кои ја „прошетаа“ публиката низ полн циклус на d’n’b.

IMG_2837

Вториот ден беше обележан со настапот на Andy C на Главната сцена. Тој и MC GQ „им покажаа“ на сите присутни на фестивалот (вклучувајќи ги и останатите настапувачи) како треба да звучи еден маестрален избор на музика и премини кои ја држеа публиката во константна состојба на awe. Во Дупката, момците од Dispatch Records ја однесоа публиката во темниците на d’n’b. Имено, најдобрите настапи беа тие на Dub Phyzix b2b Skeptical ft Strategy, Cern & MC Focus и Optive b2b BTK & MC JC.

IMG_2830

Третата вечер започна со Metalheadz забавата на брод каде што b2bнастапија Fracture, Goldie, Doc Scott, MC GQ и Lowqui. Нивните настапи беа толку енергични што дури и откако бродот се врати на пристаништето по 3 и пол часа журкање, публиката не сакаше да се симне од истиот и да се врати „на земјата“. Главната сцена оваа вечер беше почестена со еден old school jungle собир со Congo Natty ft Daddy Freddy, General Levy & Lady Chann, како и настапот на jungle легендата Randall, заедно со MC GQ. Во Ништото се славеше десетгодишнината на Shogun Audio, а најинтересен беше настапот на Spectrasoul со МC Linguistics кој ја „голицкаше“ публиката миксајќи d’n’b и hip hop. Најголемото изненадување на целиот фестивал беше „удри и бегај“ настапот на Rich Reason во Градината, кој мајсторски „се прошета“ низ бројни музички стилови. Заедно со Tonn Piper, Sparkz и T-man, направија магична атмосфера за танцување.

IMG_2793

Последната вечер Главната сцена беше во ram jam боите. Тука чичко Rodigan уште еднаш покажа зошто огромен број на артисти снимаат уникатни верзии на своите песни токму за него. Тој ја забавуваше публиката со турли тава од жанрови – reggae, rock’n’roll, goa trance, dance hall .. По него следуваше настапот на Barrington Levy чијшто глас звучеше исто како во неговите тинејџерски денови, и покрај неговата возраст. На Чистинката оваа вечер имаше лекција по историја од страна на Metalheadz, a највпечатлив беше настапот на Dillinja и MC Lowqui. Тој, мешајќи една jump up па една длабока трака, си играше горе долу со публиката и со контролите на миксетата.

IMG_2860

Во Ништото, или поточно Мочуриште 81 оваа вечер, ја чувме одличната minimal tribal селекција на Boddika. На последната вечер од фестивалот, повторно бевме изненадени – овој пат во Арената на Мунгосите. Swindle, зачинет со мајсторите на церемонијата Crazy D, Flowdan и Sun of Selah, многу иновативно преминуваше од dub step во tribal dance, а публиката танцуваше „како никој да не гледа“. На Главната сцена, Dub Phyzix и Strategy го затворија фестивалот со темна интерпретација на ram jam концептот од длабочините на џунглата.

IMG_2854

Највпечатливи сцени на фестивалот беа Аria Sea Splash и Градината. На секое наше поминување од таму, публиката беше во завиден број и енергично се движеше на селекциите на диџеите кои таму настапуваа.

IMG_2866

Hype, Obey, Swag и Dope беа зборовите кои што ги обвија посетителите, појавувајќи се на многу парчиња облека и пловејќи низ фестивалската атмосфера. Outlook покажа зошто е еден од водечките бас фестивали во Европа (и пошироко), и дефинитивно го препорачуваме на љубителите на моќен jungle и добра забава.

IMG_2776

Ф.Б.