Лудо Кајзер: Никој нема да ме убеди дека младите не можат да ја променат Македонија

[Интервју]Лудо Кајзер: Никој неможе да ме убеди младите не можат да направат промени во Македонија Себеси се нарекува „трубадур на народот“ иако вели, оваа професија е одамна изумрена во светот. Вели живее за да создава врски меѓу лугето, да ги мотивира и да им покаже дека можат да го сменат светот на подобро, почнувајќи од својата локална средина.

Сега е советник на многу извршни директори низ цел свет, основач е на невладината организација Young Vision и држи работилници низ целиот свет. Но пред неколку години Холанѓанецот Лудо Кајзер бил бездомник, зависник од алкохол и дрога. Откако купил билет за Јамајка, само поради фактот што чинел 25 долари, неговиот живот се менува. Сега, вели тој, сакам да им помогнам и на другите да научат нешто од моето искуство, но на побезбеден начин.

Што се случи во Јамајка?

Немаме доволно време за да ја раскажувам целата приказна, но мислам дека во многу случаи кога навистина ќе се изложите на еден навистина силен притисок и буквално ќе го допрете дното, ќе излезе накакво решние. Се доведов себеси во ужасна положба во Јамајка, за да добијам одговори. Сепак, да не ме разберете погрешно, не беше тоа свесен избор. Секако не се качив на авион бидејќи мислев, аха да, јас тука ќе најдам одговори, но бев толку „заглавен“ што ми беше сеедно, немаше друго бегство. Таму се соочив со ситуација кога требаше да бирам или да умрам или да најдам причина за живот. Мисла, никој не сака да умре. Кога гледам на тоа време од оваа временска дистанца, навистина излезе дека се доведов во ужасна состојба до дното, за да го најдам излезот.

Секако, ова не го препорачувате на работилниците што ги правите низ целиот свет?

Апсолутно не, но она што се обидувам да им го кажам на луѓето е да одат подлабоко во себе. Јас тоа го направив на еден опасен начин, ненамерно, веројатно сето тоа има вреска со мојот живот и начинот на кој бев израснат. Сега се обидувам да ја најдам оваа енергија кај луѓето, на еден безбеден начин, да ги ставам пред силен притисок и да бараме решенија. Таков беше случајот со нашата желба, на пример да заминеме за Етиопија кога немавме пари. Ги соочив младите луѓе од групата дека мора да го сториме тоа, мора да најдеме решение. Тоа  е здрав притисок, сите сили ги насочивме таму и успеаме.

Тогаш ја основавте и младинската организација Young vision, работевте со деца од улица, со млади од различни општествени слоеви?

Навистина сакав да поврзам различни групи на млади луѓе, и на сите да им дадам исти можности. Лугето од каде што јас доаѓам, мислам на младите од улица , но и на оние кои учат на факултет, сакав да им дадам некаква цел , нешто за што ќе се стремат и ќе работат за да го постигнат. Прво мислев дека тоа ке го направам ако формирам компанија, дури почнав да пишувам и бизнис план, но веќе разговарав со луѓето за мојата идеја, дојде еден претставник на локалната самоуправа и ме покани да бидам некаков советник за млади. Се двоумев, но кога добро размислив што научив во Јамајка, дека мојата цел не е да правам пари туку да ги поврзувам луѓето, ја прифатив шансата. Така наместо компанија, основав невладина организација и се ставив себеси во една општествено одговорна функција.

Велите денеска многу невладини организации во трката по извори на пари, подзабораваат на основната цел за која биле основани. Постои ли поинаков рецепт?

992207_10201297275326603_118818997_nЈас сега работам со 500 извршни директори од целиот свет  и се обидуваме целта и идејата да ни биде појдовна и основна точка и тоа никогаш да не го заборавиме. Им побарав да направат, исто како што барав и од младите со кои работев, да  направат т.н „Патека на развој“ каде што целта е најважното прашање. Постојано треба да се прашува и да се повторува – Зошто јас го правам ова? На крајот никој на светот, можеби само Бил Гејтс, па дури ни тој (се смее) ако го прашате која е неговата цел во животот нема да ви каже дека тоа се парите. Секогаш има посилна цел, мора да се стремиме кон целта и кон развивање на идејата и да продолжимее да истражуваме и да прашуваме- Зошто јас го правам ова, што е навистина важно во мојот живот , што сакам да му дадам на светот? Не сме научени можеби така да размислуваме, но треба да научиме ако сакаме да се поврземе и со себе, и со тие околку нас. И човек секогаш мора да се преиспитува, само така секако ќе успеете.

За време на вашата работилница во Македонија изјавивте дека каде и да заминете, секогаш Ви се жалат дека вашите совети не успеваат во „нивната земја“?

Да, тоа го велат во секоја земја. Навистина секоја држава е различна и во секоја имаат свои начини на решавање на работите. Сепак на крајот сите сме заробени во сопствените мисли, а  тоа се случува во секоја земја. Состојбите се различни низ цел свет, но патував насекаде, се сретнав со стотици млади, за да сфатам дека секој може да се избори со работите. Ако може тоа да го направи една младинска организација среде пустината во Индија, среде Етиопија да направат вистинска градина од депонија и да огледуваат зеленчук… Запознав едно момче од Индонезија кој создаде цела дождовна шума, засадувајќи дрво по дрво. Ако тоа е возможно, тогаш никој неможе да ме убеди дека вакви работи не се можни и кај вас.

Заеднички за сите млади се нивната енергија, нивната буновност и отвореност додека сеуште оптоварени со тоа што е невозможно, а што можат да направат. Надежта е  она чувство што го имаат сите млади кои ги запознав, но исто и фрустрацијата. Ако ова го искористите, може навистина да се направи нешто добро и поинакво.

На работилницата овде покажавте како младите можат да ја искористат својата креативност и да најдат пари за реализација на идеите. Колку е ова важно?

1370311_10201297259206200_1620325199_nАко погледнете во најголем дел од младинските организации, тие работат со различни видови фондови. Сепак сега е криза, а ваквите фондови се намалуваат, но тоа не значи дека младите немаат потреба од тоа да прават промени во средината,  да ги реализираат своите замисли. Но, секогаш има важни луѓе во локалната средина кои имаат интерес од ваквите промени. Ако вие можете да им помогнете, тие ке ви помогнат вас. Идејата е да размислите како вие може да додадете вредност, да и помогнете на локалната заедница , на луѓето во неа, но и да детектирате кој се има интерес од ваквата работа. Дали е тоа компанија, индивидуалци …и да им кажете „Јас можам да ви помогнам на вас- ќе можете ли и вие на мене“.Тоа е онаа вин- вин ситуација. Можете да се обидете да го направите тоа и онлајн на Кикстартер, како една убава алатка, но има уште многу други начини. Една од работите што ја кажав на работилницата во Македонија беше и тоа дека ако сте младинска организација и сте убедени дека навистина работите на додавање вредност и подобрување на работите во заедницата, никогаш не треба да дозволите да плаќате за вашата канцеларија бидејќи секогаш ќе има компании или организации кои добиваат од она што вие го работите и тие треба да ви помогнат.

Лугето сега Ви плаќаат за работилниците, за советите. Не се плашите дека ќе се претворите во она што не го сакате?

Јас секогаш сум загрижен, кога сум овде не знам каков тип луѓе ке дојдат во мојата работилница. Се трудам да читам што е можено повеќе за состојбите тука и да се подготвам. Загрижен сум за тоа колку навистина ке успеам да им дадам нешто вредно на слушателите и да им помогнам, независно дали е само говор, дали е некаква спаринг сесија или работилница. Сепак токму таа трема и загриженост ме држи во форма, сакам да сум нервозен околку ова. Се додека е така, се додека си го поставувам прашањето е добро. Ако тоа престане, значи дека нешто не е во ред, не сум убеден дека секогаш успевам, но знам дека сум го давал секогаш најдоброто од себе, дека се внесувам со целото мое битие. Јас сеуште се надевам дека можам да допрам до луѓето, да го сменам барем малку светот на овој начин. Незнам што иднината предвидела за мене, но знам сека постојано се усовршувам во работата и постојано си се проверувам – дали навистина правам нешто или тоа се само „празни“ работи. Ако дојдам до заклучок дека мојата работа нема цел,  ќе почнам да работам нешто друго.

Ј.Ј.