Состојбата на ЛГБТ лицата и нивните права во Русија и Чеченија е извор на постојан конфликт. Јавувањата дека геј мажи се измачувани и убивани во кампови во Чеченија, властите ги негираат, тврдејќи дека „нема геј луѓе во Чеченската Република“. Москва досега не прави ништо по тоа прашање.
Поради тоа, бразилскиот проект за социјална правда [SSEX BBOX] сега фокусира своја кампања, наречена #kiss4lgbtqrights, на поддржување на ЛГБТК населението, особено во Русија.
Со идеали како „проширување на свесноста, покорување на срамот, намалување на изолацијата и неукоста, спроведување на едукација и свесност и охрабрување на градење на заедницата“, групата за геј права ги охрабри активистите да ги споделуваат своите фотографии. Некои од нив се направени пред рускиот Кремљ.
Луѓе од сите страни на светот сега го користат хаштагот како форма на симултан отпор на анти-ЛГБТ режимите, како и за поддршка на луѓето кои патат од овие влади.
Акцијата ја нарекуваат „најголемиот бакнеж на светот“, и ги повикуваат сите да се вклучат.
Во моментов, на Инстаграм и Твитер има повеќе од 4400 објави под хаштагот, од ЛГБТК парови, стрејт парови, па дури и луѓе без партнер.