Луѓето веќе искористија вода, почва, чист воздух и други ресурси на Земјата потребни за цела 2017 година.
Денот на надминување на ресурсите годинава се одбележа на 2 август, според групите за заштита на околината WWF и Global Footprint Network.
Овој ден, кој годинава дојде порано отколку во 2016 година, значи дека човештвото ќе преживува на „кредит“ до 31 декември.
„До 2 август 2017 година, сме искористиле повеќе од природата отколку што нашата планета може да обнови во текот на цела година“, напишаа организациите.
Uh oh, it’s #EarthOvershootDay 🌏 This means we’ve used more resources than our planet can renew in the whole year! pic.twitter.com/e5TQinbe3c
— WWF_Australia (@WWF_Australia) August 1, 2017
„Тоа значи дека за седум месеци, сме емитирале повеќе јаглерод отколку што океаните и шумите можат да апсорбираат во една година, сме уловиле повеќе риба, сме исекле повеќе дрва, сме жнееле повеќе жито и сме испиле повеќе вода отколку што Земјата можела да произведе во истиот тој период“.
Според организациитте, еквивалент на 1,7 планети е потребен за да се произведе доволно природни ресурси за да бидат еднакви на стапките на консумација и растечката популација.
Денот на надминување на ресурсите е пресметува од 1986 година, но денот никогаш досега не дошол толку рано, како во 2017. Се работи всушност за балансот помеѓу глобалниот отпечаток – она што луѓето го земаат од Земјата, и биокапацитетот, кој ни овозможува да ги репродуцираме ресурсите и да ги апсорбираме нашите отпадоци.
Во 80-тите, денот бил пресметан во ноември, од 1993 година се пресметувал во октомври, а во септември дури во новиот милениум.
Во 2016 година, го пресметале на 8 август.
Науниците исто така го пресметуваат денот на трошење на ресурсите за одделни држави посебно, обезбедувајќи мерка за тоа кога би се пресметал овој ден доколку целиот свет троши како една држава.
Организациите апелираат да се јаде помалку месо, да се троши помалку фосилно гориво и да не се користи дрво за огрев, за наредната година Земјата да потроши помалку „кредит“ од своите ресурси.