Организаторите на „луксузниот“ Fyre Фестивал, Џа Рул и Били МекФарланд, добија тужба од незадоволен посетител. Фестивалот, кој беше најавен како најдоброто од „музика, храна и уметност“, се испостави како најлошо организираниот настан вомузичката индустрија.
Наместо викенд исполнет со вкусна храна, впечатливи пејсажи и манекенки, како што ветуваа рекламите, присутните на фестивалот кои платиле најмалку 4000 долари за билет добиле суви сендвичи со кашкавал, шатори за евакуација и пуст остров на Бахамите.
The dinner that @fyrefestival promised us was catered by Steven Starr is literally bread, cheese, and salad with dressing. #fyrefestival pic.twitter.com/I8d0UlSNbd
— Tr3vor (@trev4president) April 28, 2017
We just filed Federal Class Action against Fyre Media for festival of horror. Refunding ticket price is not enough! @markgeragos pic.twitter.com/5CsNtQ6yjh
— Ben Meiselas (@meiselasb) May 1, 2017
Фестивалот се рекламираше исклучиво на Инстаграм преку „влијателни“ корисници, како манекенките Кендал Џенер и Бела Хадид. Токму поради влијанието на „Инстаграмерите“, огромен број на луѓе побрзале да набават влезници кои се движеле од 1500 долари, па се до пакет од 400.000 кој нуди куќа на „ВИП остров“ и „вечера со некој од музичарите“.
Сепак, фестивалот заврши како што започна – со бура на социјалните медиуми, но овој пат во негативен смисол.
До петок, половина од изведувачите го откажаа настапот. Твитер, Инстаграм и Редит беа полни со лоши искуства. Организаторите го откажаа фестивалот, а половина од авионите кои требало да ги вратат гостите од островот не полетале со часови. Место луксузно сместување, посетителите добиле војнички шатор за евакуација. Некои медиуми го опишаа настанот како „Богатите деца од Инстаграм во комбинација со Господарот на мувите“.