Најпознатиот париски музеј „Лувр“ во 2014 година го посетиле повеќе од 9,3 милиони лица, со што останува најпосетуван музеј во светот.
70 отсто од билетите им биле продадени на странци, главно Американци, Италијанци, Британци и Бразилци, се наведува во соопштениети од музејот испратено минатата седмица.
Повеќе од половина од посетителите имале помалку од 30 години, а речиси два милиони им припаѓале на старосната група од 18 до 25 години. „Лувр“ ја надминал бројката од 2013 година и во посетата на постојаните поставки.Од музејот очекуваат во следните десет години да ја зголемат посетата на дури 12 милиони посетители.