Во својата прва номинација за Оскар, Маершала Али стана првиот актер муслиман кој ја освои оваа престижна филмска награда. Тој победи во категоријата за најдобар спореден актер, за улогата на дилер на дрога кој подучува младо момче кое е жрва на малтретирање во „Moonlight“.
Али се заблагодари на неговите учители, колеги и на неговата сопруга со која пред четири дена добиле ќерка.
„Имав прекрасни учители. Една од работите која постојано ми ја кажуваа беше – овде не се работи за тебе, туку за ликовите. Ти си во служба на овие приказни и карактери. Се работеше за Хуан, за Шајрон, за Пола (имињата на ликовите од филмот). Драго ми е што го ја имав таа можност“, рече Али со насолзени очи, заблагодарувајќи се на авторот на филмот Бери Џенкинс.