Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е прогласен за личност на годината на магазинот „Тајм“. Негова конкуренција за изборот беа Камала Харис, Илон Маск, израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху и принцезата од Велс Кејт Мидлтон, јавува Евроњуз.
Трамп беше личност на годината на „Тајм“ и во 2016 година, кога во Вашингтон ги надмина сите очекувања и во претседателската трка ја победи поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Тој е вториот претседател кој служел втор непоследовален мандат во Белата куќа, по Гровер Кливленд кој беше на чело на САД кон крајот на 19 век.
Од 2000 година „Тајм“ во изборните години за личност на годината го прогласува новоизбраниот претседател на САД, а во 2020 година таа титула ја поделија Џо Бајден и Камала Харис.
Поранешниот претседател Барак Обама беше личност на годината во 2008 и 2012 година, а Џорџ Буш во 2004 и 2000 година.
Магазинот „Тајм“ секоја година прогласува личност на годината од 1927 година, а оваа „титула“ не се опишува како почест или награда, туку како одраз на влијанието и важноста што таа личност го имала во таа година.