Магла и откажани летови во Скопје, тетовци претпладнево дишат најзагаден воздух

Воздухот во Тетово претпладнево е најзагаден со РМ 10 честички, покажаа мерните станици чии резултати се објавуваат на сајтот на Министерството за животна средина. Загадувањето е загрижувачко и во Скопје, Кичево, но и Кочани, според податоците добиени во 10 часот.

Од скопските населби најзагадени со РМ 10 честички се Лисиче, Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и на Ректорат.

Untitled

Во текот на вчерашниот ден во сите овие места било зголемено нивото на овие честитки во просек за четири пати, а маглата во Скопје утрово го парализираше авиосообраќајот при што се 12 планирани летови утрово.

Од информативната служба на скопскиот аеродром ги советуваат патниците состојбата да ја следат на нивната официјална бев-страница, каде секој момент се ажурираат податоците за состојбата со летовите. Откажани беа полетувањата кон Виена, Рим, Загреб, Париз, Истанбул. Дел од полетувањата и слетувањата ќе се одвиваат преку охридскиот аеродром.