Тинејџерка од Флорида е уапсена откако наводно се обидела да го намести изборот за матурска кралица, пренесува „Independent“.
Емили Роуз Грувер имала 17 години кога била уапсена заедно со нејзината мајка, бидејќи начелно провалиле во онлајн профилите на нејзините соученици и фалсификувале 250 гласа за да стане матурска кралица.
Минатиот месец, Грувер наполнила 18 години, па судот одлучил да ја казни како возрасна.
Грувер и нејзината мајка Лаура Роуз Карол се обвинети за неколку прекршоци кога одлучиле да го наместат изборот за матурска кралица во средното училиште „Тејт“ во градот Пенсакола.
Мајката на тинејџерката работела како заменик директорка во блиското основно училиште „Белвју“.
Обвиненијата биле поднесени по неколкумесечна истрага за изборот на матурска кралица во општината, откако биле пријавени лажни гласови од профилите на учениците, истакнале од полициската служба на Флорида.
Истрагата покажала дека 117 гласови биле поднесени од иста „ИП“ адреса за многу кратко време.
Дополнително, 246 гласа биле поднесени од профили кои биле вклучени од домашниот компјутер на фамилијата Грувер, но и од нивните мобилни телефони.
Учениците од средното училиште „Тејт“ пријавиле дека Грувер се фалела со гласањето преку директорскиот профил на нејзината мајка. Во текот на истрагата, се покажалало дека мајката отворила 372 школски профили, а од нив 339 биле на ученици од „Тејт“.
Мајката и ќерката се обвинети за лажно користење на лични податоци, но и за други прекршоци.
Ќерката била пуштена од притвор со кауција од 2000 долари, додека нејзината мајка била пуштена со кауција од 6000 долари.