Мајката и сестрата на Мараја Кери починаа во ист ден минатиот викенд

Мајката на Мараја Кери, Патриша и сестра ѝ Алисон починаа во ист ден викенов, изјави американската пејачка, пренесува „Би-Би-Си“.

„Срцето ми е скршено што ја изгубив мајка ми минатиот викенд. За жал, во трагичен сплет на околности, животот истиот ден го изгуби и мојата сестра“, напиша Кери.

Добитничката на Греми награда изјави дека се чувствува благословено што поминала некое време насамо со мајка ѝ неделата пред да почине. Таа не сподели други детали околу смртта или причината за смртта.

Патриша (87) е поранешна оперска пејачка и вокален тренер со Ирско-Американско потекло.

Мараја Кери се смета за една од најпознатите пејачки глобално. Нејзиниот сингл „All I Want For Christmas Is You“ е најпрдоаваната божиќна песна од женски изведувач на сите времиња. Досега има продадено над 220 милиони плочи, а го држи и рекордот за соло артист кој 19 пати бил прв на листата „Billboard Hot 100“.