„Мајкрософт“ создаде алатка за детектирање на „дипфејк“ пред самиот старт на изборите во САД

Со новата алатка „Video Authenticator“, „Мајкрософот“ придонесе кон новите технологии за препознавање на синтетичките медиуми („дипфејкс“), со кои ќе можат да се анализираат фотографиите. Преку новата алатка, се добива шанса да се детектира содржината која е вештачки создадена.

„Кога станува збор за видео содржина, ќе има можност да се детектираат малите разлики на секој кадар додека видеото е пуштено. Алатката забележува каде е спојот помеѓу вистинското и додаденото, но и други елементи кои можно е да не се забележат со голо око“, се вели во соопштението на „Мајкрософот“.

Доколку некоја содржина изгледа вистински, но забележувате дека веста која се пренесува е сомнителна – тогаш можеби станува збор за технолошка манипулација која се претставува како вистинска, најверојатно со намера да шири дезинформации.

Колку повеќе „дипфејкс“ се создаваат со намера да бидат забавни и хумористични, вештачки создадената технологија извадена од контекст може да добие свое значење и да ги измами гледачите кои не се сомневаат во ништо.

Во своето соопштение „Мајкрософт“ предупредува дека оваа алатка е само мал чекор напред во време кога „се тркаме“ со содржини произведени од вештачка интелигенција.

„Со фактот дека „дипфејкот“ е создаден од вештачка интелигенција која и понатаму може да се надградува, станува невозможно за нејзино препознавање да се користи обична технологија. Сепак, на краток рок, во случајов претседателските избори, оваа напредна технологија може да е искористена за препознавање на „дипфејкот“, истакнале од „Мајкрософт“.

Во соработка со Фондација за вештачка интелигенција од Сан Франциско, „Мајкрософот“ ја обезбеди алатката за организацијата на демократскиот процес оваа година, вклучувајќи ги медиумите и политичките кампањи.

Алатката била создадена од  одделот за истражување, во соработка со тим за вештачка интелигенција и Комисијата за етика и ефекти во инженерство, како дел од поголема програма на „Мајкрософт“ за одбрана од дезинформациите за време на предизборни кампањи.

„Очекуваме методите за содавање на вештачка содржина да продолжат со надградба. Засега сите методи за препознавање на содржина од вештачка интелигенција покажале загуби, па ние мора да сфатиме како да се справиме со „дипфејкот“ кој се лизнал низ сите методи на проверка. На подолг рок, мораме да најдеме посилни решениња за зачувување и препознавање на автентичноста на вестите и останатата медиумска содржина. Постојат неколку алатки кои денес се достапни, за да се провери дали содржината доаѓа од сигурен извор и не е променета“, велат од „Мајкрософт“.

Оттаму исто  известуваат и за систем во изработка, преку кој ќе може да се додаваат дигитални траги и сертификати во медиумската содржина кои ќе се забележуваат во метадатата, додека содржината се шири онлајн. Ваквата алатка ќе произведе референтна точка на автентичност, која исто така ќе содржи и детали за тоа кој ја продуцирал содржината.

Технологијата веќе е прифатена од Иницијативата за сигурни вести која вклучува голем број на издавачи и компании за социјални медиуми. Од „Мајкрософт“ се надеваат дека користењето на оваа технологија ќе биде прифатена и од повеќе технолошки компании, но и медиуми.

Извор: TechCrunch