Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје, објави отворен повик за волонтери.
„Свежо августовско утро, турско чајче и симит во ладовината на Куршумли ан. Може ли денот поубаво да почне? Размена на приказни од сите страни на светот, некои раскажани на платно, некои од штотуку сретнат пријател. „МакеДокс“ семејството е отворено за стари и нови љубители на кромид и кино под ѕвездите“, истакнуваат од фестивалскиот тим.
Пријавите се испраќаат на мејл: volonteri@makedox.mk до 30 јули.
Од Фестивалот велат дека досегашните искуства на „МакеДокс“ покажуваат дека голем дел од волонтерите во текот на работата на фестивалот стекнале нови познавања за документаристиката, се здобиле го голем број нови пријателства, а дел од нив својот животен пат го насочиле кон едукација на факултетите и академиите за драмски и визуелни уметности.