Веб-пребарувачот на „Гугл“ е најкористениот во светот изминатата година на мобилните и десктоп уредите, покажа истражувањето на платформата за аналитички истражувања StatCounter. Него го користеле 55 отсто од светското население кое има пристап до интернет.
На второто место, на светско ниво, се најде „Сафари“, со удел од 14, 86 отсто, а на трето место „Опера“.
„Интернет експлорер“ на компанијата „Мајкрософт“, кој некогаш го владееше светот, сега се наоѓа дури на шестото место со 3,35 отсто.
Во Македонија, пак, резултатите се за нијанса поразлични, со тоа што „Хром“ и овде се покажува како најкористен пребарувач кај мобилните и десктоп уредите.
Со слични податоцит, или над 70 отсто, Македонците го преферираат овој пребарувач, по што за десктоп корисниците следува „Мозила“ (15,32 отсто), а за мобилните „Сафари“ (15,62 отсто).
На третото место за десктоп уреди се најде „Опера“ со 3,62 отсто од корисниците, додека кај мобилните е „Самсунг интернет“.