Советот за човекови права на ОН го објави Универзалниот периодичен извештај за Македонија, во кој се наведуваат бројни препораки во врска со случаите на прекршувања на човековите права.
Извештајот најмногу се фокусира на прашањата поврзани со спречување и заштита од дискриминација особено кога станува збор за ЛГБТ заедницата и родовата еднаквост. Понатаму добар дел од препораките се однесуваат на малцинските права, со фокус на правата на Ромите, како и на слободата на изразување.
Други области за кои Советот нотира препораки се наведуваат правата на децата, ратификација на меѓународните договори за човекови права, независност на судството, лошото постапување во затворите, правата на лицата со попреченост, трговија со луѓе и семејното насилство.
Надлежните институции во земјава имаат рок до јуни оваа година да ги разгледаат и да се произнесат во однос на препораките.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк.
Извор: Aktiv.mk