На Македонија и е одземено правото на глас на Генералното Собрание на Обединетите нации поради долг кој изнесува 24.606 американски долари, се вели во писмото кое е испратено на 12 јануари од Генералниот Секретар на ООН, Бан Ки Мун. Ваквиот чекор е во согласност со член 19 од Повелбата на ООН.
На листата на држави кои го изгубиле гласот се наоѓаат Гренада, Киргистан, Гвинеја, Руанда, Сомалија и Јемен.
„Членка на Обединетите нации, која доцни во плаќањето на своите финансиските придонеси на организацијата нема да има гласање на Генералното Собрание ако износот на долгови е еднаков или поголем од износот на придонеси кој се должи од него, за претходните две полни години. Генералното Собрание сепак може, да дозволи таква земја да гласа ако неуспехот да се плати е поради условите кои се надвор од контролата на земјата“, се вели во документот.
Правото на глас на наведените земји членки ќе им биде вратено откако ќе ја подмират целосната сума за членарината. Целото писмо може да се погледне на следниот линк.