Откако медиумите објавија дека Македонија го изгубила правото на глас во Обединетите нации поради неплатен долг, Министерството за надворешни работи излезе со информации дека долгот е подмирен.
Во однос на плаќањето по основ на контрибуции кон обединетите нации неопходниот износ бил подмирен и тоа во скоро време ќе биде нотирано во Обединетите нации, информираат од Министерството за надворешни работи, пренесе Канал 5.
На Македонија и беше одземено правото на глас на Генералното Собрание на Обединетите нации поради долг кој изнесува 24.606 американски долари.
Ваквиот потег беше наведен во писмото кое е испратено на 12 јануари од Генералниот Секретар на ООН, Бан Ки Мун. На листата на држави кои го изгубиле гласот се наоѓаат Гренада, Киргистан, Гвинеја, Руанда, Сомалија и Јемен.
Правото на глас на наведените земји членки ќе им биде вратено откако ќе ја подмират целосната сума за членарината.