Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува новото истражување на „Европската комисија“.
Според анализата, седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голема разлика во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.
Во Македонија само 47 проценти од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија.
Најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија со 91 отсто задоволни граѓани а потоа следуваат Хелсинки со 89 посто, Осло со 88 посто и Стокхлом со 86 посто.
Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од Јужна и Источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.