Насловена „Македонија виа Италија“, првата изложба на фотографии од фотографот Влатко Рафески, ќе се одржи во среда, на 3 мај, со почеток во 20 часот.
Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), поконкретно во салата „Империјал 1“ ќе бидат претставени 20 природни пејсажи и фотографии, избрани од неговото десетгодишно творештво.
„Најголемиот дел од мојот живот го поминав во природа, и таа како најголема моја мотивација ме натера да фотографирам. На изложбата ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат од моите пејсажи на релација Македонија – италијанските доломити направени во изминатите години“, вели Рафески.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 15 мај.