Македонија за првпат ќе го одбележи „Winter Bike to Work Day“ во петок

Интернационалниот ден на возење велосипед до работното место во зима (Winter Bike to Work Day), светот го одбележува по третпат. Во Скопје пак, годинава, активистите на „На Точак се организатори на првиот настан од ваков тип закажан за петок (13 февруари).

„Треба само да се обврземе дека ќе се превезуваме на точак на 13-ти февруари до работа, до школо, до факултет, каде и да одиме; без оглед дали возиме или не возиме точак во зима, без оглед какви ќе бидат временските услови тој ден“, пишува на официјалниот Фејсбук настан.

Досега според мапата, 74 се пријавени од Скопје на официјалниот сајт, тројца од Велес и двајца од Прилеп и Битола. Од регионот најмногу се пријавени од Загреб – 229, а на европско ниво од Оулу – 264.

„На Точак“ги повикува граѓаните да се приклучат кон оваа активност и да бидат дел од интернационалната акција.

Секој може да се регистрира на овој линк.