Во рамките на „Десет дена крушевска република“, членовите на бендот „SkopjeJazzInc“ ќе настапат пред македонската публика, кај споменикот „Македониум“. во Крушево.
Концертот, кој е во организација на Општина Крушево и „PrilepJazzWeekend“, ќе се одржи на 5 август, четврток, со почеток во 21 часот.
„SkopjeJazzInc“ е бенд кој го сочинуваат Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Ѓешовски (бас) и Гоце Стевковски (тапани).
„…Велат дека џезот е звук на изненадување – и во текот на еден таков импровизиран „сешн“ можат да настапат прекрасни, неочекувани моменти кога, на пример, пијанистот и тенор саксофонистот ќе отсвират тактови кои се во совршен склад, како претходно да се договориле. Тоа е еден од врвните, „оргазмични“ моменти во џезот, и ако такво нешто се случи макар еднаш во таа вечер, музичарите ќе бидат повеќе од одушевени“, истакнуваат организаторите цитирајќи го Мајк Хенеси.