„Магичен глас“ е називот на симфонискиот концерт за деца во организација на Македонска филхармонија што ќе се одржи во сабота (8 ноември), со почеток од 12 часот во салонот за Македонска опера и балет.
Целта на овој концерт е да ги поведе најмладите на едно поинакво музичко патување со звуците на Моцарт, Штраус, Верски, Росини, Бернштајн, Римски-Корсаков и др.
Приказната следи младо момче коешто сака да стане оперски пејач, а во тоа му помага добрата вештерка којашто му ги открива тајните на оперското пеење.
Со оркестарот ќе диригира диригентот Ле Фи Фи, а солистички настап ќе има сопранот Билјана Јосифов.