Македонската гејминг сцена сè поголема, 2024 беше рекордна година

Историјата на видеоигрите не е само приказна за една индустрија — станува збор за хроника на една револуција која целосно ја промени сегашноста па и иднината што следи. Целосно ја промени забавата, начинот на кој ја користиме технологијата и ја разбираме културата, пишува новинската агенција Мета.

Од најраните денови на едноставни, пикселизирани игри како „Понг“ (Pong), до хиперреалистичните отворени светови на „The Witcher 3“ и „Cyberpunk 2077“, пејзажот на видеоигрите се трансформираше на начини кои малкумина можеле да ги предвидат. Како што индустријата на игри се развиваше од ниш култура и ниш хоби во индустријата која денес е поголема и од музичката и холивуд индустријата, гејмингот успеа да ја премости разликата помеѓу генерациите, да понуди нови форми на социјална поврзаност и да биде предводник на иновации во интерактивно раскажување на приказни, вештачка интелигенција и виртуелна реалност.

Секоја година се случуваат работи и движења коишто ја искачуваат гејминг културата во Македонијана на високи нивоа. Тоа главно се случува поради сите организации креирани од ентузијасти коишто сакаат да направат промени на нашите простори, за еден ден да можеме да се натпреваруваме на големите пазари.

Организациите коишто пробуваат да направат промени во Македонија се обично медиуми коишто се имаат појавено на социјалните мрежи, некои од нив се имаат зголемено и направено подкасти, сајтови, Јутјуб емисии, но сепак главниот фокус секогаш бил и уште долго ќе остане, на социјалните мрежи. Тие, секако имаат поддршка и од повеќе домашни компании. Во продолжение ви ги претставуваме најважните гејминг настани од 2024 година.

Глобал Гејм Џем Скопје 2024

Како и секоја година, така и 2024 започна со најпознатиот светски настан и маратон за креирање на видеоигри, каде што за 48 часа еден тим треба да има направено видео игра и да ја претстави на жирито.

Глобал Гејм Џем е направен преку идеја на Сузан Голд во соработка со Горм Лај, Иан Шрајбер и Фоад Хосмуд. ГГЏ е за првпат направен во 2008 година, инспириран од многуте претходни гејм џемови, како што се Инди Гејм Џем, Лудум Дер и Нордик Гејм Џем. ГГЏ бил проект на Меѓународната асоцијација на девелопери на игри (IGDA) од 2009 до 2012 година. Од GGJ 2013, настанот го управува  Global Game Jam, Inc., непрофитна организација.

Првиот Глобал Гејм Џем во Македонија е организиран во 2013 година, од страна на Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА коишто активно до 2022 година го организираа настанот. Последните две години 2023 и 2024, настанот беше преземен од Македонската гејминг индустриска асоцијација – МГИ.мк.

Фото: Глобал Гејм Џем Скопје 2024, МГИ.МКMGI Meetups – Гејм Дизајн

Game Design Meetups

МГИ.мк организираше серија настани кои опфаќаа предавања од различни сектори во индустријата за развивање видеоигри. Секој настан вклучуваше искусни говорници од странство кои веќе имаат профитабилни проекти, но задолжително и претставник на македонската гејм дев заедница.

На еден од овие настани имаше три успешни приказни од гејм дизајнери од Македонија и Србија кои во моментов се сериозни играчи на светскиот пазар на видеоигри. Говорници беа извршниот директор на Македонското гејминг студио „Фјуриоус Авокадо“ – Наум Михајловски, познат гејм дизајнер од Србија од Студиото „Демагог Студио“ – Никола Месарович, и извршниот директор на српското студио „Шоша Гејмс“ – Никола Шошкич.

Фото: MGI Meetups – Гејм Дизајн, MGI.MK

Првиот турнир во Tekken 8 во Македонија

Уште на почетокот на 2024 година, излезе сега најпопуларната борбена игра досега направена – Теккен 8. Македонија може да се гордее со тоа што се прават официјални настани уште на првиот ден кога пристигаат нови игри. Настани коишто во светот се стандард веќе долги години.

Инстаграм медиумот за попкултура „Комикс.мк“, во соработка со Анхоч, го организираа првиот официјален и досега најголемиот Теккен 8 турнир во Македонија. После овој прв настан, се одржаа уште неколку турнири до крајот на годината.

Фото: Првиот Теккен 8 турнир во Македонија, Анхоч.мк | Комикс.мк

Warhammer 40.000 + Space Marines 2

Во 2024 година пристигна најновото продолжение на игра којашто доминираше во годината, и доаѓа од еден од најголемите фантази светови некогаш направен – WARHAMMER. За убава промоција на видео играта, целиот универзум, и друштвената игра со минијатури, најголемата заедница за Warhammer во Македонија „Воен Чекан“ во соработка со неколку други медиуми како што се „Дебели Гикови“ и Анхоч, го организираа најголемиот настан во Македонија за оваа игра.

Настанот беше поделен на дигитален дел, каде што се зборуваше за новата игра „Warhammer 40K: Space Marines 2” каде што имаше панел дискусии за играта, и имаше опција посетителите да ја тестираат играта. И дополнително дел каде што се презентираше играта со минијатури каде што членовите на „Воен Чекан“ раскажаа за историјатот и како се игра самата игра.

Фото: Warhammer 40K + Space Marines 2 гејминг настан

Прв и официјален Покемон настан во Македонија

Најголемата организацијата којашто промовира пријателство и културни размени меѓу Македонија и Источноазиските земји „Пагода.мк“ го организираше првиот и најголем официјален „Покемон“ настан во Македонија. На настанот имаше презентација за светот на Покемон, турнир во мобилната видеоигра “Pokémon GO”, играње на познатата Покемон игра со карти која датира од касните 90ти години и тематска музика.

Ова беше првиот настан во Македонија каде што сите работи од светот на Покемон се споени на едно место. Секогаш имало турнири и во „Покемон Го“, и во играта со карти, но никогаш до тогаш не е видено настан на едно место.

Фото: Првиот официјален Покемон настан во Македонија, Пагода.мк

JRGP Quest ‘24

Инстаграм Медиумот „Комикс.мк“ и организацијата „Пагода.мк“ го организираа настанот познат како „JRPG Quest ‘24“ наменет за промовирање на јапонските видеоигри во Македонија. На настанот имаше голема панел дискусија на тема „Од пиксел до полигон: Како JRPGs повторно го освоија светот“ со познати говорници од гејминг индустријата.

Дополнително на настанот беше достапно гејминг место каде што посетителите можеа да пробаат Јапонски игри на конзолите PS5 и Nintendo Switch. Место за фотосесија со можност да се фотографираат со уникатни предмети од многу JRPGs (Јапонски RPG игри). Промоција на YouTube каналот „FF Eorzian Reborn“, проекција на анимираниот филм “Final Fantasy: Advent Children”.

Фото: JRPG ’24, Пагода.мк

Гејминг Турнири во Mario Kart 8, Street Fighter 6 и Minecraft

Анхоч во Скопје го отвори најголемиот продажен салон досега, специјално наменет за гејминг опрема и периферија. За промоција на официјалното отварање, Анхоч организираше неколку турнири во игрирте Mario Kart 8, Street Fighter 6 и Minecraft.

Сакура Фестивал

Летоска најголемата организација за промовирање на Јапонската култура во Македонија „Јапан@мк“ го организираше својот најголем фестивал досега – „САКУРА ФЕСТИВАЛ“. На фесивалот имаше огромни промоции на Јапонската култрура од секој аспект. Најголемиот фокус беше кон неколкуте гејминг турнири коишто беа на фестивалот во игрите „Tekken 8, Mario Kart 8 и Yu-Gi-Oh“.

Фестивалот беше посетен од илјадници посетители, сите уживаа во многу работи, но сепак тоа што најмногу ги возбуди фановите беа турнирите во борбената игра Теккен 8, каде што посетителите на цел глас се дереа од уживање во тоа што гледаа.

фото: Јапан@мк

Без Пауза 1 и 2

Организацијата за промовирање на Јапонската култура во Македонија „Јапан@мк“ годинава ги организираше нивние најголемите гејминг настани под името „Без Пауза“. Како што кажува и самото име, гејминг настаните беа исполнети со многу игри коишто доаѓаат директно од Јапонија, каде што се играа без пауза во текот на целите денови.

Првиот настан беше фокусиран на повеќе турнири и се играше компететивно помеѓу играчите. Вториот настан кој што целото име е „Без пауза: Предизвикувач“, беше повеќе играње помеѓу професионалци во самите игри.

Фото: Јапан@мк

A1 GAME FEST 2024

Како и секоја година, уште од 2018 година, годината се завршува со гејминг фестивалот – A1 Game Fest 2024.

Главните игри коишто се играа беа CS2, EA Sports FC25, Tekken 8, Dota 2, и нормално најпопуларниот Косплеј натпревар.

Секоја година фестивалот станува сè поголем и поголем, па така и оваа година имаше многу новитети. Водители на фестивалот беа „Дебели Гикови Подкаст“ коишто го водеа целиот настан со нивното отворено студио. Организацијата „Воид Е-Спортс“ имаа официјални предавања за што значи да си е-спортитст. Организацијата „Пагода.мк“ имаа панел дискусија за играта „Black Myth: Wukong“ колку го освои светот, со дополнително на К-Поп забава на крајот на вечерта.

Севкупно земено, може да се каже дека на гејмингот во Македонија во 2024 година беше на најголемото ниво и достигнување што сме го имале досега! Може да се види дека гејминг кај нас секоја година расте се повеќе и повеќе, и дека во наредните години ќе можеме да се рамниме и со големи настани како што ги имаат и нашите соседни земји.

Мета.мк