Македонската компанијата Elevate Global која работи на проекти поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење, е меѓу 30-те најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа кои ќе бидат презенирани на South East Europe Tech Tour 2019 на 28 и 29 мај во Букурешт и Софија.
Најдобрите 30 ќе го презентираат својот бизнис и технологија пред 40 топ интернационални инвеститори кои се активни во регионот на Југоисточна Европа и ќе учествуваат во панел-дискусии на кои ќе споделат повеќе за своите решенија и импактот врз развојот на технологиите воопшто.
Ко-основачи на „Elevate Global“ се двајца доктори по технички науки, Горан Стојановски и Ѓорѓи Маџаров, а во тимот се вклучени и неколку софтверски инжинери и data-science истражувачи.
Решенијата на „Elevate Global“ во областа на data mining, вештачка интелигенција и машинско учење им помагаат на компаниите да ја унапредат својата работа и да ги оптимизираат своите ресурси – така што самото користење на решенијата кои ги нудат, се исплаќа од финансиските резултати од реализираните бенефити. Досега услугите на „Elevate Global“ ги користеле повеќе домашни и интернационални компании во областа на енергетиката, телекомуникациите, банкарството, производствените капацитети, тешките индустрии итн.
[Аудио] Skills that pay the bills: Со развој на стартапите до намалување на одливот на мозоци
Претходно, „Elevate Global“ со своето решение “ASAP” победија на глобалниот Betapitch инвестициски ден кој се одржа во Берлин, Германијa.