Македонската теаквондистка, Милјана Рељиќ со резултат од 2-1 ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс во првото коло од Олимписките игри.
Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6. Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари.
Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун од Либан.