Најдобрите македонски дизајнери на мода, модни додатоци, производи и храна ќе се најдат на едно место – во галеријата во Младинскиот Културен Центар, Скопје, во сабота и недела (9 и 10 мај) со работно време од 12 до 22 часот.
Во организација на некогашната концептуална продавницa Лудус позната по поддршката на младите македонски модни дизајнери, на продажба ќе бидат понудени производите од дваесетина внимателно селектирани дизајнери.
Настанот што по вторпат ќе ја претвори и пренамени галеријата при МКЦ во продажен простор, овојпат акцентот го става врз останататите категории на дизајн. Па така, посетителите освен тоа што ќе можат да набават парче облека или накит, ќе можат да си обeзбедат македонски дизајнерски производ наменет за домот, како и дел од презентациите на дизајн на храна, најавуваат организаторите.
Покрај последната модна колекција на организаторите Лудус, ќе бидат застапени и колекциите и производите на други модни етикети како Парго на Катeрина Ивановска, Vibrazioni – Александра Митковска, Le Brand на Лили Кадинска, Куфер, Линија, Аcidwear, Mикка, Мелани Димитровска, Јелкица Поповска, Hard2Explain, Mariguccha, дизајнерите на накит и додатоци Андреј Бартлинг, Гоблен, Билјана Каровска и Ани Соро. Покрај нив ќе учествувват и етикетите за производи Мунус и Лотус.
Дводневниот настан ќе биде збогатен со пропратна програма во соработка со модниот портал Stylist.mk кој е медиумски партнер на Super Design Pop Up Store. Mодната новинарка Снежана Богдановска ќе одржи презентација на тема Моќта на стилот (и како до него). Деталната програма ќе биде објавена наскоро на фејсбук страницата на настанот.