Филмскиот проект „Незаборавна пролет во заборавено село“ од Македонија е победник на BEST PITCH COMPETITION 2014, на годинешното издание на фестивалот PRIFEST во Приштина.
Проектот е во продукција на „Мануфактура продукција“ од Скопје, а сценарист и режисер на проектот е Куштрим Бектеши. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а воедно има обезбедено копродуценти од Косово, Албанија и Франција.
На овој натпревар учествуваа режисерот Куштрим Бектеши, како и продуцентот Сашо Павловски, кои ја добија главната награда од жири, сочинето од Чедомир Колар (продуцент номиниран за Оскар со филмот „Пред дождот“, награден со Оскар за филмот „Ничија земја“, две награди Берлинскиот филмски фестивал), Karen Adler, меѓународен експерт за финансирање на филмови, Cathy de Haan, експерт од Германија како и Shari Page, продуцент на Outfest Los Angeles.
Наградата е сочинета од статуетка, како и финансиска донација од познатата британска актерка Vanessa Redgrave. Проектот, освен одлуката на жирито, едногласно ја освои и поддршката од публиката. Свеченото доделување на наградата ќе биде на 2 ма,ј на затворањето на фестивалот.