Во просториите на Природно-математичкиот факултет – Скопје минатата сабота се одржа вториот селекционен натпревар за учество на средношколци на Меѓународната економска олимпијада, информираат од Сојузот на математичари на Македонија
Македонскиот тим, кој за прв пат ќе ја претставува нашата држава на ова меѓународно натпреварување го сочинуваат:
1. Давид Ставров, III година, Алгоритам Центар – Скопје
2. Стефанија Кузмановска, II година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија – Скопје
3. Рина Толева, III година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
4. Давид Арсовски, III година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
5. Јана Срезовска, IV година, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ – Скопје
Петтата меѓународна економска олимпијада, ќе се одржи во периодот 26 јули до 1 август и истата ќе биде онлајн.
Водачи на средношколскиот тим се Анета Гацовска – Барандовска од Природно-математичкиот факултет и Борче Јошевски од Средното економско и правно училиште на Град Скопје, „Васил Антевски – Дрен“.