Македонскиот Црвен крст издвои 10.000 евра за помош на настраданото население на Украина

Црвениот крст на Република Северна Македонија се вклучи кон апелот објавен од страна на украинскиот Црвен крст за помош на населението во Украина.

Во знак на солидарна помош, македонскиот Црвен крст издвои 10.000 евра кои ќе бидат префрлени на украинскиот Црвен крст.

Покрај ова, сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со своја донација на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Украина.
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400.

– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Средствата можат да се донираат од 25.02.2022 до 15.03.2022 година, информираат од Црвениот крст.