Македонскиот дизајнер Митко Апостолов направи нов вид на сложувалка во облик на коцка

Дизајнерот и индустриски инженер Митко Апостолов направи нов вид на сложувалка чија инспирациа и терк доаѓа од популарната рубикова коцка. Дизајнот е креиран за секој да може да го користи за 3Д Принтање. Популарноста на оваа коцка достигна до 5.000 симнувања на дизајнот, пренесува агенцијата Мета.мк.

Се работи за инвентивна форма на рубикова коцка со повеќе бои и уникатна форма и  склопувачки, но и движечки механизам.

За разлика од класичните рубикови коцки оваа коцка е наречена „Passtrough Cube Puzzle“, и има спирални форми во различни спектри на бои. Оската на спиралните форми е колинеарна со најдолгата дијагонала на коцката, што нуди многу опции за интересни склопки и форми.

„Нема механизам освен самата себеси што си е, сите три дела се циклично симетрични. Не се работи за рубикова коцка, зошто од неодамна разбрав дека е лиценциран термин со строго дефинирана употреба”, посочи Апостолов.

Дизајнерот Митко Апостолов има и други инвентивни изработки преку 25 слични дизајни, но неговиот најпопуларен дизајн е коцката Passthrough Cube Puzzle.