Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе претстави две свои дела на интернационалната концептуална изложба која ќе се одржи во Кралската палата во Милано под насловот насловот „Corpus Domini: Dal corpo glorioso alle rovine dell’anima“.
Изложбата која за публиката ќе се отвори на 27 октомври, а ќе трае до 22 јануари 2020 година е во организација на Кралската палата и Општина Милано.
Башески е инаку познат по делата изработени во хиперреалистичен манир кои се дел од најеминентни меѓународни изложби, а на оваа изложба ќе се претстави со скулптурите „Вон…“ и „Автопортрет 1“, заедно со 33 други меѓународни признаени уметници и вистински икони на современата уметност.
Според организаторот, изложбата е резултат на заедничката работа на уметниците, музеите, фондациите, архивите, галериите и колекционерите од Италија и од други земји, со цел да понудат преиспитување на концептот на човештвото по шокот и пресвртот предизвикан од Ковид-19.
Радио МОФ претходно разговараше со Башески во врска со неговата аукција за NFT уметничко дело.