Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација. Оттаму апелираат и да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни.
„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Како и секогаш, ние ги ставаме сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани“, наведуваат МНР и посочуваат кон СОС дежурниот телефон +389 75 268 736, како и на електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk.