Македонските граѓани најнесреќни во регионот и меѓу најнесреќните во Европа [Инфографик]

Северна Македонија се најде на 75-тото место од 95 земји на светот според новиот извештај „Среќата во светот 2021“, што ја става на дното на регионот и меѓу најнесреќните држави во Европа во 2020 година.

Земјава, во споредба со рангирањето во периодот 2017-2019, забележала пад од 9 позиции, со назадување од 0,106 индексни поени.

Индексот ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку визуелната „Скала на Кантрил“, едноставно прашање за тоа колку тие се чувствуваат среќни и зошто. Секоја година луѓето низ светот за оваа анкета одговараат на прашањето – каде тие лично сметаат дека се наоѓаат според моменталната ситуација во животот – на скала од 0 до 10.

На врвот оваа година се најдоа Финска, Исланд и Данска, додека на дното се Јордан, Танзанија и Зимбабве.

На инфографикот во продолжение погледнете каде е Северна Македонија во споредба со регионот и земјите од Европа.


Даниел Евросимоски