Македонските извидници слават 60 години од своето постоење

60 години сеќавања, авантура и дружба со природата, Сојузот на извидници на Македонија го слави својот јубилеј. Иако за разлика од порано бројот на извидници се намалува, последниве две години интересот на младите расте, заедно со ентузијазмот на оние кои останале дел движењето.

Македонските извидници слават 60 години од своето постоење

„Во 2013 година приказната наречана извидништво пишува нови страници. Со товар од искуство тежок 60 години СИМ започнува нова ера на извидништвото во Р. Македонија“, истакнуваат од Сојузот.

Оттаму додаваат и дека годините поминале во континуирана работа со младите, во градење на нивниот карактер, но и во непрекинат разговор со природата.

Според Ана Костова, од Сојузот на извидници на Македонија,  јубилејот е големо достигнување, а нивната идна цел е да ги мотивираат младите да станат дел од движењето.

Izjava Ana Kostova by Radio Mof on Mixcloud

Со цел одбележување на јубилејот, утре(23-ти февруари) Сојузот на извидниците организира низа активности во центарот на Скопје, кои ќе кулминираат со извидничкиот марш во Жена Парк.

„Извидништвото е движење, а движењето е вечно!“, велат од Сојузот.

Ј.Ј.