На Специјаните олимписки зимски игри „Торино 2025“, нашите специјални олимпијци годинава ја претставуваат Македонија во три дисциплини, а од Италија веќе стигнуваат вести за нивни успеси.
„Со грациозност, емоција и нејзината љубов кон танцот, Илина Георгиева го освои второто место во категоријата спортски танци на Зимската специјална олимпијада ‘Торино 2025’! Со незапирлива енергија Стефан Трпковски настапи во категоријата спортски танци и го освои 4-то место во машката категорија, покажувајќи дека вистинскиот успех е во храброста и љубовта кон спортот“, соопштија од Специјалната олимпијада на Македонија.
Исто така, од таму информираа и за сребрен успех на Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамовски.
„Со неверојатна посветеност, труд и спортски дух, Фатмире Бајрамоска се избори за второ место во крос-кантри скијање и ѝ донесе сребрен медал на С. Македонија! Со неспоредлива енергија и посветеност, Албан Бајрамовски го освои второто место во машката категорија на крос-кантри скијање, носејќи уште еден сребрен успех С. Македонија“, соопштија од Спацијалната олимпијада на Македонија.