Македонскиот тим доби една златна и три бронзени награди на 13-тата Светска олимпијада по геонауки која се одржува во Јужна Кореја.
Златниот медал е освоен во категоријата практични истражувања, а македонските средношколци освоија и бронзен медал во севкупна категорија и уште две бронзи за презентација на геонаучна тематика, објави на Фејсбук професорот Ивица Милевски кој е ментор на тимот.
Тимот беше составен од учениците Кристина Спасовска, Јована Маниќ, Оливер Куновски и Сара Стојчевска.
13-тото издание на Светската олимпијада за геонауки се одржува од 26-ти август до 3-ти септември во Даегу, Јужна Кореја. Учениците ги тестираат своите теоретски и практични знаења во повеќе полиња од геонауката. Главната цел на Олимпијадата е да го зголеми интересот на учениците и да ја подигне јавната свест за геонауките.