Со Сули Ан во Скопската турска чаршија на 21 декември (четврток) од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на студенти на Факултетот за ликовни уметности, кои ќе претстават дела на хартија.
„Оваа изложба се организира од 1990-те години, во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, дел од вонвременскиот објект и споменик на културата – Сули ан. На изложбата ќе бидат претставени дела на студентите од прв и втор циклус на ФЛУ, изработени во мал формат во традиционални и експериментални техники. Целта на оваа изложба е да ги афирмира изразните можности на малиот формат во современата ликовна практика.
На изложбата со свои дела учествуваат студентите од сите катедри на Фалултетот за ликовни уметности, Скопје“, стои во најавата за изложбата.
Во организација на настанот оваа година ќе даде свој придонес Институтот Данте Алигиери од Скопје.
Изложбата е од продажен карактер. Ќе биде отворена до 15 февруари.
Работно време на галеријата: понеделник – петок (9 – 17 часот).