Малолетник бил силуван во самица од четворица врсници во Поправниот дом во Велес, објави весникот Вест.
Шокантно е што настанот од 19 мај, за првпат во полиција е пријавен дури на 16 јуни. Дотогаш го немало во ниеден билтен на МВР, бидејќи затворските службеници го прикриле, а не го известиле ни Обвинителството, пишува весникот.
Тој ден надлежните одлучиле дека детето што пријавило силување, не треба да се однесе ни на лекар. Тие процениле дека е доволно само да се заведе во книгата за дневни настани, и случајот така да се заборави.
За прикривање на настанот се гонат раководителите во Поправниот дом.
Извор: Вест