Краткометражниот филм „Мангава диско панк“ во режија на Саша Станишиќ, кој е дел од омнибусот „Скопје Ремикс“, ќе биде прикажан во програмата Фокус на годинешното издание на Фестивалот на источноевропски филм – Котбус.
Фокусот на Фестивалот на источноевропски филм – Котбус, кој се одржува во период од 5-10.11.2013 година, е посветен на кинематографското истражување на историјата и секојдневниот живот на Синтите и Ромите. Под мотото “Dikhen – Let’s Take a Look”, 11 долгометражни филмови, 12 краткометражни и 12 епизоди од ТВ серијата „Мунди Романи“ ги истражуваат индивидуалните приказни и колективни анегдоти од секојдневието и културата на овие транснационални малцинства. Ќе биде прикажан широк спектар на формати и жанрови, од епски документарци до комедии и драми.
Извор: Cooltura