На 2 ноември во 12 часот пред Веро Центар, по петти пат ќе се одржи манифестацијата ″ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2013″, организирана од Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња под покровителство на Град Скопје.
Граѓаните и посетителите на Град Скопје и оваа година ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматери и професионалци од земјата и странство.
Средствата собрани од лицитацијата на тортите ке бидат наменети за реновирање на дел од просториите на стационарот во ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.
За сите посетители богата музичка програма. Ќе ве забавуваат: Ива Ѓ. и Боби Амадеус, band Happy End, Иле Петровски, Фани Христова, Дејан Тасев, Ранко Рангелов, Горан Симевски, Горан Милошевски и Огнен Јаневски, Вики Среброва, Марија Ѓошевска и многу други.
За најмладите на настанот се најавува богата детска програма со балетското студио “Еурека”, фолклорно друштво “Фолклорни Бисери” и други детски активности.