Двајца истражувачи на универзитетот Оксфорд ,врз основа на податоците на сајтот Alexa, направија светска мапа на најпопуларните сајтови во државите ширум севтот. На мапата, најпосетуваните сајтови се претставени во различни бои, со што се добива визуелен приказ за тоа во која држава, но и на кој континент – што користат жителите кога станува збор за сурфање низ Интернет.
Според овие податоци, како што пренесе Бизнис Инсајдер, Google доминира во земјите од Северна Америка, Европа и Јужна Азија, додека Facebook е најпосетуван во шпанските делови на Америка, во земјите од блискиот исток и во Северна Африка.
Интересно е и тоа што „оази“ на Facebook во Европа се земјите од регионот( Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија), како и Норвешка и Исланд.
Во Русија најдоминантен е пребарувачот Yandex, додека Yahoo се користи во Јапонија и Тајван, а Кинезите најчесто го посетуваат сајтот Baidu.
Според оваа мапа, македонските граѓани најчесто го посетуваат Google.