Под влијание на медиумите и популарната култура, луѓето често градат одредени перцепции за Европа, кои не секогаш одговараат на реалноста. Во овие графикони и мапи, низ бројки, претставени се состојбите во различни опшествени сегменти во европските земји, од кои дел покажуваат дека и Европа е далеку од имуна на стереотипизацијата.
Најдобриот интернет на „стариот континент“ го има „сиромашната“ и „неразвиена“ Романија, „мрзливите“ Грци работат најмногу работни часови неделно во цела Европа, а сексуалното вознемирување е најзастапено во Шведска.