Неделата беше голем ден за италијанскиот маратонски тркач Ејоб Фаниел, кој го освои првото место на маратонот во Венеција – откако останатите натпреварувачи го промашија правецот поради водичот на мотоциклот.
Во изненадувачкиот пресврт, на 25 километри пред крајната цел, првите натпреварувачи Абдулахл Давуд, Гилберт Киплетинг Чумба, Кипкемеј Мутаи и Давид Кипроно Мето истрчаа „неколку стотици метри“ во погрешна насока пред да се вратат за да ја поправат „грешката“.
Но, тоа било доволно за локалниот тркач Фаниел, првиот италијански атлетичар да ја освои трката во последните 22 години. Неговото финално време било 2 часа, 12 минути и 16 секунди. Еден од тркачите кои ја погрешија патеката на крај се рангираше на четврто место.