Марш за толеранција: Средношколците не се чувствуваат безбедно

Младинскиот образовен форум (МОФ) денес се приклучи на Маршот за толеранција, под мотото „Македонија има љубов за сите – насилството не почнало и нема да заврши со мене“, организиран и поддржан од повеќе граѓански организации.


Марш за толеранција: Средоношколците не се чувствуваат безбедно

Од МОФ истакнуваат дека се сериозно загрижени заради трендот за зголемување на насилството меѓу младите и врз младите во главниот град, Скопје.

Последното истражување на МОФ покажува дека младите во Скопје не се чувствуваат безбедни и дека насилството е појава која младите ги става во позиција на страв.

„Имено, согласно податоците кои ги обезбедивме со методолошко истражување, 52,3% од средношколците во Скопје само понекогаш се чувствуваат безбедно во автобус, 19% никогаш, а во исто време, 49,3% од средношколците од Скопје сметаат дека е лесно и релативно лесно да се набави пиштол“, истакнуваат од МОФ.

Марш за толеранција: Средоношколците не се чувствуваат безбедно

ДИСКУСИЈА НАМЕСТО НАСИЛСТВО е пораката која МОФ континуирано ја испраќа до институциите, партиите, професорите, родителите и младите во Македонија. Велат дека е неопходен сопфатен општествен ангажман за намалување на насилството меѓу младите и граѓаните, но во исто време посочуваат дека овој процес треба да го поведат токму политичарите, лидерите на политичките партии и народните претставници кои добиле голем број гласови на последните локални, парламентарни и претседателски избори.

Марш за толеранција: Средоношколците не се чувствуваат безбедно

„Почитувани партиски лидери и народни претставници, во вас е моќта да иницирате општествен ангажман на сите граѓани со цел младите веќе да не бидат подложни на насилство и да се чувствуваат безбедно во автобусот во кој се возат до дома“, стои во соопштението на организацијата.

Во текот на следните месеци, МОФ најавува објава на целосни резултати од истражувањето на тема „Насилство меѓу средношколци во Скопје и Македонија”.