Марш за воздух низ Скопје – Сакаме да дишеме, доста беа лаги!

Почна протестниот марш за воздух од Министерството за животна средина. Големата група ја предводат млади со тапани и огромен транспарент „Средношколците сакаат да дишат”.

Луѓето скандираат ,,Сакаме да дишеме”, ,,Сакаме воздух” и ,,Доста беа лаги”. Ечат од мегафони разни пораки. Поворката е следена од полициски службеници, а редарите на #ЗеленФронт се тука дополнително да ја пратат насобраната толпа.

„Професорите и директорите не не поддржуваа, но ние се спротивставивме на тоа и сакаме да покажеме дека ние сме движчка сила и дека нешто може да се смени“, велат средношколци за Радио МОФ

„Ова е само почеток. Вака не се живее, ако треба секој ден ќе излегуваме дури не се промени она што го бараме додека не се исполнат нашите желби“,

Забележливо е големо полициско присуство, а објектот на Министерството беше заграден од полиција.

Толпата се движи кон собрание , по што треба да продолжи кон Владата.

На денешниот марш му претходеше бојкот на средношколците во повеќе училишта и одредени закани и притисоци од наставници и директори.

 

View this post on Instagram

 

Тргна маршот

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on


Осуда за заканите стигна од повеќе организации, како МОФ и Меѓаши.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде најавија и претставка до Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат поради недозволивото однесување на директори на училишта, кои се обидоа со заплашување и закани да ги спречат учениците да излезат на денешниот Марш.