Во пресрет на 31 март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ утре напладне организира Марш за видливост на трансродовите лица кој ќе започне пред Владата.
„’TрансФормА’ заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучуваат по шести пат, а петти марш кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група“, велат организаторите.
Видливоста, како што велат тие е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското.
Тие сметаат дека видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе.
„Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество“, додаваат од „ТрансформА“.
Маршот ќе заврши пред Собранието.