Мартин Џорлев објави нов албум „Никогаш се гасне“ со проектот „Стој, После!“

шумскиот шут појде од дома до градот
и…
(знам дека реков дека претходниот ќе е последен :•)
лажго сум
нешто за мене посебно, на еден за мене посебен ден)
зар станав навистина Стражарот?

***

Младиот музичар Мартин Џорлев („Луфтанза“, „Зулу 3.4“) преку платформата Бендкемп објави нов албум со својот проект „Стој, После!“.

Насловот на албумот што има седум теми е „Н​и​к​о​г​а​ш се г​а​с​н​е“, а сите инструменти се отсвирени и компонирани од Џорлев.

Со вокали на крајот од темата „Магла“ се појавува Јаков Наумоски, додека на „Бетон“ – Лила Мирчевска.

Почетокот и крајот на песната „Бемка“ е изваден од компонираната музика од Мартин за краткометражниот филм „Нонсенс“ на Ангела Грозданов.